Македонија
2. November 2026 - 16:38

Поскапуваат горивата

Поскапуваат и бензините и дизелот. Од полноќ, Еуросупер БС-95 ќе се продава по 93 денари за литар, а 98-октанскиот по 95 денари.

Дизелот, пак, ќе се точи по 100 денари.

Во одлуката на Регулаторна е применета владината одлука за намалено ДДВ на дизелот од 10%, како и намалена акциза за 4 денари.

Кај бензините акцизата ќе биде скратена за 2 денари.

„Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување и тоа во просек кај бензините за 0,7%, а кај дизелот има зголемување за 0,4%. Курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,4%“, објаснуваат од Комисијата.

Сител пресмета колку ќе ве чини просечен полн резервоар од 50 литри по новите цени.

Ако возите на бензин ќе платите 100 денари повеќе.

Ако возилото ви е на дизел, тогаш полнење до врв ќе ве чини 5 илјади денари, односно 50 денари повеќе.

Во меѓувреме, суровата нафта на светските берзи падна за околу 5%.

Барел од типот Брент денеска се тргува за нешто над 108 долари.

Намалувањето се должи на оптимизмот дека наскоро е можен договор меѓу САД и Иран.