Последна вечер од Меѓународен студентски фолклорен фестивал во Карпош
Последната вечер од 40-то издание на Меѓународниот студентски фолклорен фестивал (МСФФ) се одржа вчеравечер на платото на „Млечен“ во Општина Карпош во организација на АКУД „Мирче Ацев“.
Фестивалот се одржа во знак на благодарност кон метрополите и земјите, кои ја покажаа својата хуманост и солидарност кон Градот Скопје, по земјотресот во 1963 година.
На последната вечер учествуваа ансамбли од Германија, Турција, Унгарија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Албанија и претставници од турскиот дел на Кипар.
Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев, кој присуствуваше на фестивалот истакна дека ни претстои културен бран исполнет со фолклор, поп музика, перформанси за деца и повозрасни.
– Мило ми е што вечерва сме на платото на „Млечен“. Тука и јас пораснав и за ова место ме врзуваат убави спомени, маалски живот и дружба. „Римска“, „Атинска“, „Њуделхиска“ се улици кои се именувани во знак на благодарност кон градовите кои помогнале во обновата на Скопје и на нашиот Карпош. Пред нас е и Карпошовото културно лето, кое ќе започне на 29-ти август, четврток, а последната вечер е планирана да се одржи токму на ова место, рече Богоев.
Тој потсети дека за една недела започнува и меморијалниот турнир во мал фудбал „Оливер Соколов – Сокол“, што по неколку години повторно е на спортскиот календар во Карпош.
Ново на Сител
-

Повеќе објекти осветлени во зелена боја како симбол на солидарност и нов живот
-

Мицкоски: Анкетите се лоша вест за опозицијата, клевети, навреди и измислици не поминуваат
-

Уапсен 31-годишник, кршел низ домот на својот чичко, па ја истепал сестра му
-

Ѓорѓиевски: Градските цвеќарници повторно ги ставаме во функција
-

Царинска управа: На Богородица спречен шверц на заштитени видови змии
-

Уапсен 28-годишник од гостиварско, пронајдени кокаин и марихуана
-

Светски ден на менталното здравје: Барањето помош не е слабост, секој човек заслужува да биде слушнат и разбран
-

Изложба по повод 80 години од пренесувањето на посмртните останки на Гоце Делчев во Скопје

