Потребни 15 илјади евра за лекување на дете со неполни две години
Михаил Ристовски од Тетово, кој има една година и девет месеци, не може да ја користи левата рака бидејќи му е скршена при породувањето, а сега за враќање на функцијата потребни се 15 илјади евра. Неговите родители не можат сами да ги обезбедат парите и затоа бараат помош од хумани луѓе.
-На породувањето на Михаил пред една година и девет месеци му е скршена раката. Во болницата во Козле, година и два месеци примаше терапија и вежби за да не атрофира мускулот, но нема никакво подобрување и враќање на функцијата. Во приватната болница „Виталис“ во Белград гарантираат дека може да проработи раката. Станува збор за методот акупунктура. Меѓутоа со нашите средства не можеме да успееме, затоа ја замолувам јавноста колку може да ни помогне со донации. Потребни се околу 15.000 евра, Фондот за здравствено осигурување не може да одобри лекување бидејќи белградската болница е приватна, вели таткото Мирослав.
Поради состојбата со раката на Михаил, неговата мајка не може да оди на работа. Семејството има и две поголеми деца.
-Драстично ни се промени живот. Сопругата не може да оди на работа затоа што не може да оди детето во градинка поради попреченоста на левата рака и таа мора да го чува. Со една плата не сме во можност. Дали да плаќаме кредити, дали да одвојуваме пари за неговите терапии, дали да ги издржуваме другите две деца. Имав фирма и морав да ја затворам поради давачките околу лекувањето и состојбата со короната, истакнува Мирослав.
Хуманите луѓе кои сакаат да донираат средства за лекување на Михаил може да уплатат пари на сметката на таткото Мирослав Ристовски 240197107964904 во Уни Банка.
Ново на Сител
-
Малолетник претепан од три лица во Гази Баба
-
Малолетници фрлиле во височина соученик во тетовско училиште
-
Данска испраќа нов пакет воена помош за Украина во вредност од 750 милиони евра
-
Демири: Ако го суспендирав директорот на Токсикологија пред избори, ќе го сфатевте како политичка кампања
-
Јавна расправа на Управниот суд за тужбата од Коалицијата „Вреди“
-
Тошковски - Давкова: Ќе градиме општество во кое основен принцип ќе биде владеење на правото
-
Мицкоски: Од Грција очекував честитки, а не политички мускули, повикувам на добрососедски и пријателски односи
-
РКЕ: Цените на бензините, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство остануваат исти, се намалува само цената на мазутот