Потврден случај на морбили кај 12 годишно дете од Петровец – заразата е увезена од Србија
Увезен од Србија е потврдениот случај на морбили кај 12 годишно дете од општина Петровец.
Симптомите ги добил пред 6 дена кога бил кај матичен лекар, потоа на Инфективна, па во ИЈЗ каде му биле земени анализи а завршил на ТОАРИЛУЦ за снимка на белите добови. По добиената дијагноза за заразното заболување, семејството одбило хоспитализација. Ученикот имал уште четири браќа и сестри од кои дел биле вакцинирани а заболениот и помал брат не примиле ниту една доза на МРП. За време на епидемиолошката анкета, иако им било укажано не сакале да бидат вакцинирани.
-При направената епидемиолошка анкета, исказите се дека немало многу контакти. Негираат повеќе контакти и велат дека детето не идело во училиште, ниту тоа, ниту неговото братче кое исто така е невакцинирано. Негираат повеќе контакти, велат дека контактите биле во кругот на семејството“,изјави Марија Андоновска, директор на ИЈЗ
За да не дојде до ширење на болеста која може да педизвика сериозни компликации, веќе бил контактиран директорот на училиштето каде учи заболеното дете кој треба да ги информира родителите за настатата состојба. Исто така ќе бидат пребарувани и вакциналните картони во пунктот во Петровец за да бидат повикани сите со пропуштени дози. Насоки има и за здравствените установи каде детето одело на преглед.
-Земени се анализи од оние кои работеле со него, со медицински лица и се следат, вели Андоновска.
Ова е втор случај на морбили годинава, по оној во јуни во струшкиот регион. Опасноста според лекарите демне од соседството каде речиси сегде има епидемии на морбили а нискиот опфат во земјата е сериозна закана за ширење на заразата. Од Комисијата за заразни болести велат дека ја следат состојбата со последниот случај на морбили.
Пред 5 години во Македонија имаше епидемија на морбили со над 2000 заразени и 4 смртни случаи. Опфатот на вакцинација со прва доза на МРП е загрижувачки 73 проценти.
-
Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар