Повеќе физички напади на подрачјето на Скопје
Неколку физички напади на подрачјето на Скопје бележи полицијата. Ноќеска во СВР Скопје бил пријавен физички напад врз 16-годишен малолетник од страна на неколку лица.
– Во СВР Скопје денеска во 2:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека завчера околу 22:50 часот на подрачјето на Аеродром 16-годишник од Скопје бил физички нападнат од неколку лица. Се работи на расчистување на случајот, соопшти МВР.
Физички напад бил пријавен и во скопското село Идризово. Завчера во 13:55 часот Т.Г.(55) од Скопје пријавил дека во село Идризово, скопско бил физички нападнат од едно лице. МВР соопшти дека се работи на расчистување на случајот.
Завчера во 11:30 часот М.С.(36) од Скопје пријавил дека на 22 месецов, околу 19:30 часот на подрачјето на Шуто Оризари неговиот син бил физички нападнат од С.И.(26) од Скопје. – Сочинет е записник за константиран прекршок по чл.12 од ЗППЈРМ, посочува МВР:
Во СВР Скопје завчера во 22:10 часот било пријавено дека на подрачјето на Шуто Оризари имало нарушен јавен ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу А.М.(21) од Скопје и од друга страна С.У.(33) и А.К.(38) двајцата од Скопје. Сочинет записник за константиран прекршок по чл.11 од ЗППЈРМ.
Ново на Сител
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите