Повик за склучување договори за огревно дрво и техничка дрвна маса

Подружницата на „Македонски шуми” во Кавадарци објави повик за склучување договори за обезбедување огревно дрво и техничка дрвна маса.
За дрва за огрев може да аплицираат синдикати во претпријатија, здруженија на пензионери и физички лица од Кавадарци, Росоман и евентуално Неготино, а за техничка дрвна маса пилани од цела Македонија.
- Физичките лица може да ги плаќаат дрвата за огрев во готово или на шест рати. За социјално ранливите категории на граѓани постои можност за плаќање на осум и повеќе рати, добиваат попуст од 10 проценти доколку платат во готово, а и за едните и за другите трошоците за транспорт на огревното дрво се на товар на Јавното претпријатие „Македонски шуми”, појасни за МИА директорот Слободан Климовски.
Склучувањето договори за обезбедување дрва за огрев на рати ќе почне од први февруари. Испораката ќе биде по плаќањето на последната рата.
Климовски нагласи дека минатата година била рекордна во производството на огревни дрва во подружницата „Бор”, имајќи ги во предвид последните дваесет години. Биле произведени околу 25 илјади кубни метри бука и даб за греење.
- Годинава планот е приближно идентичен како и лани. Тука се и околу 22 илјади кубни метри техничка дрвна маса, за која може да аплицираат пиланите, а за која договорите се склучуваат во дирекцијата на „Македонски шуми” во Скопје. Ние сме најголема подружница по производство на дрвна маса воопшто и на техничка дрвна маса во цел систем на претпријатието, рече Климовски.
Повикот за склучување договори трае до 31 март оваа година.
Ново на Сител
-

Муцунски: Нема да примаме мигранти, ниту одбиени баратели на азил од Обединетото Кралство
-

Поевтинуваат бенизите, цената на дизелот останува иста
-

Викендов на ГП Табановце, влегле над 36.000 македонски државјани
-

Дедо Мраз и супер херои од цртаните филмови им поделија пакетчиња на хоспитализираните на Детската клиника
-

Мицкоски објави инвестиција од 100 милиони евра во енергетиката
-

Авиосообраќајот на скопскиот аеродром се стабилизира, откажани осум лета поради магла
-

Муцунски: Во фокусот внатрешните реформи и достоинствено и соодветно решение со Бугарија
-

Божиновска: Нема да има никаква криза, државата има резерви на мазут
