Поврат на персоналниот данок на доход на сите нововработени млади под 30 години
Младите и намалување на младинската невработеност е во фокусот во програмата за работа на Владата предложена од мандатарот Димитар Ковачевски. Една од предвидените мерки е и поврат на персоналниот данок на доход за сите нововработени млади под 30 години. Со оваа мерка, средствата ќе се враќаат назад дикретно на нивната сметка со што се овозможува дополнителен прилив.
Освен ова, државата ќе обезбеди стимулации за младите што е можно порано да се стекнат со сопствена економска независност, како предуслов за позитивните демографски состојби и намалување на миграционите движења.
Државата ќе ги покрива придонесите за секое вработено лице до 29 години, кое ќе се вработи првпат, а ќе следи и дополнителен стимул за секој месец, за секој нововработен. Исто така државата ќе го покрива и трошокот на фирмите за обезбедување на знаења и вештини преку пракса за младите кои не се спремни за работа бидејќи се уште не развиле вештини.
Како дел од поддршката за младите во програмата на Ковачевски се наведува и продолжување на силната поддршка на младите земјоделци со грантови до 20 илјади евра со цел да се мотивираат да се занимаваат со земјоделство и да произведат финален продукт атрактивен за европскиот пазар.
Ново на Сител
-

43 заразени од западнонилска треска, откриен вирусот и кај мртов гарван во Скопје
-

Од утре температури над 40 степени, а потоа следува заладување
-

Град Скопје со мерки за контрола и намалување на трошоците за возниот парк
-

Нови колони на Табановце: Отворени осум пункта за наплата на казни
-

Обновливите извори се уште не се доволни, јагленот и натаму останува главен енергенс за производство на струја
-

МВР: Цивилните дронови веднаш да се приземјат при појава на полициски хеликоптер, во спротивно следи кривична
-

Миланов и Серафимовски во Србија: Зајакнување на соработката и олеснување на прометот на животни и производи меѓу двете земји
-

Израелски воздушни напади врз јужен Либан, серија експлозии во повеќе градови
