Македонија
15. July 2024 - 16:31

Повреди на работното место

Настрада работник додека бил на работна задача во фабрика во Непроштено. На 53г маж од Џепчиште му се слошило, а при  падот на земја се здобил со повреди по што починал. Во каква здравствена состојба бил работникот и како настапила смртта ќе покаже извештајот на судската медицина.  Ова е последен случај во низата инциденти во кои  работници го загубиле животот при работа.

728 повреди на работно место се рестрирани за 1 година. Според статистичките податоци за 2023 година од Институтот за јавно здравје бројките се во пораст од 11% во однос на 2022 година.

286 работници се повредиле на работно место во индустриската дејност и рударство Следни на листата се и лица кои вршат самостојна професионална дејност со високи 124 повреди. Фрапантни се и податоците за здраствената дејност и социјална заштита со 74 повреди.

По однос на пол, повеќе мажи страдаат во извршување на работните обврски 63 отсто од вкупниот број. По градови во Скопје се регистрирани најголем број од повредите на работно место 379, Битола е втор град на листата со 208 регистрирани случаи. Останатите градови се со значителен помал број на повреди на работното место.

Од почетокот на годината Државниот трудов инспекторат издал 671 решение за фирми во кои проверувале дали се направени здравствени прегледи на вработените. Наредба за извршување на прегледи била издадена на 642 правни субјекти, на три им е изречена забрана, опоменати се 26. Во фирмите чии вработени се здобиле со повреда на работно место, изречени се покани за порамнување за отплата на половина од глобата предвидена со закон, 25 постапиле по решението а две заработиле прекршочни пријави и ќе одат на суд.

Според законот предвидени се задолжителни  систематски прегледи. Од Македонското здружение за безбедност и здравје при работа велат дека од 70.000 компании само 30% ги спроведуваат правилно.

„Причината за воведување на задолжителни систематските прегледи е подогање на свеста на активното население, дека здравјето не е нешто што е дадено, туку треба да биде одржано! “

Секоја година, повеќе од 2,3 милиони работници ширум светот умираат од несреќи или од заболувања што се поврзани со работата и работното место, а дополнителни 340 милиони работници се повредуваат во различни несреќи при работа покажува анализата на Меѓународната организација на трудот.