Повторно хаос во албанскиот Парламент, пленарната седница траеше само 12 минути
Денешната пленарната седница на албанскиот Парламент мина во услови на тензии и хаос создаден од опозициските демократски пратеници приврзаници на Сали Бериша.
Пратеници од крилото “Обнова на ДП” како и изминатите три месеци ја блокираа собраниската говорница, носејќи транспаренти на кои пишуваше „Убијци на плурализмот“, „Убијци на демократијата“, свиреа со свирчиња, но денеска ги немаше димните бомби, кои редовно беа пуштани претходно.
Под силниот звук на свирежите, претседателката на Собранието Линдита Никола директно отиде на гласање на точките од дневниот ред, а на седницата присуствуваше и премиерот Еди Рама.
Пратеничката на Демократската партија, Албана Вокши, се обиде да тргне кон премиерот Рама со плакат во рацете, на кој пишуваше „Убиец на демократијата“, поради што мораше да интервенира гардата за нормализирање на ситуацијата.
Седницата беше затворена во рок од 12 минути, по изгласувањето на предлог-законите од страна на владејачкото мнозинството.
Во изјава за медиумите, по седница, пратеникот на ДП, Ервин Салијањи, истакна дека “опозицијата нема да се повлече од своето дејствување, туку ќе го диверзифицира”.
Опозициската ДП има 55 пратеници, од кои 47 се од “Обнова на ДП” побројното крило предводено од Сали Бериша, додека остантите 8 се со Љуљзим Баша, кој во судот фигурира како лидер на партијата.
Ново на Сител
-

Француските средношколци по средбата со Макрон повикаа на продолжување на протестите сè додека не се објават конкретни мерки
-

Николоски: Ја развиваме Брвеница со реализација на конкретни проекти
-

Трамп се закани со преземање на целата иранска нафта
-

11 ден протести во Тирана: Се бара безусловна оставка од Рама
-

Кошта: ЕУ ќе покрие две третини од дополнителните 70 милијарди евра за Украина
-

Постапка за измами на граѓани со т.н. „кубански вакцини“ - претреси на повеќе локации
-

Македонија утре на Јуниорскиот Евросонг: Од вечерва може да се гласа за Ана Стојаноска
-

Скопјанка измамена за сума од 117.000 денари од поранешен вработен во Катастар
