Повторно невреме во гевгелиско: Паѓаше град со големина на орев
фото: vecer.press
Невреме со град со големина на орев го погоди регионот на Гевгелија, а најмногу град падна во селото Негорци.
Според информации од жители на Негорци, градот на два пати го погодил регионот.
- Град со големина на орев паѓаше нешто по 12:30 часот, а по 13:00 часот повторно падна и се е побеле. Според информациите со кои располагаме градот ги погоди селото Негорци, градот Гевгелија и други околни населени места, велат жители на Негорци.
Инаку, на 7. овој месец регионот на Гевгелија беше зафатен исто така со невреме проследено со град и силен дожд, а следниот ден Општина Гевгелија ги извести граѓаните дека оние што претпреле штети од невремето можат да поднесат барање до Комисијата за проценка и утврдување на висината на штетата настаната од природни непогоди и други несреќи при Општината.
Во невремето од 7. март од удар на гром загина и малолетник во атарот на селото Негорци, кога ја напасувал стоката.
Ново на Сител
-
Скопјанка прскала со вода по луѓе кои правеле врева - ја нападнале со лименки
-
СЗО: Преминот Рафа блокиран, нема гориво и медицински материјали
-
Аглер со честитка до Силјановска Давкова: Историски избор на прва жена претседател на Северна Македонија
-
И најмладиот син на Трамп влегува во политика
-
Загина 62-годишен маж од Неготино откако се преврте со трактор
-
Обид за убиство во гостиварско
-
Скопје: Жена нападната од нејзиниот сопруг
-
Кривична за директорка на средно училиште во Делчево