Македонија
23. August 2015 - 11:35

Повторно со турбо агенда - Премиерот Груевски на средби со жителите

Премиерот Никола Груевски и денеска ќе посети повеќе населени места, каде ќе оствари средби со жителите и на терен ќе наоѓа решенија за нивните проблеми

Денеска со почеток во 11.30 часот тој ќе присуствува на означување на почеток на градежни работи на кружен тек на улица „16 македонска бригада“ со улица „Коце металец“ (локациски близу паркот спроти училиштето Панче Арсовски).

Во 12:10 ќе го посети и ќе оствари средба со жителите на населеното место Морани.

Во 12:35 ќе го посети и ќе оствари средба со жителите на населеното место Студеничани.

Во 13:15 ќе го посети и ќе оствари средба со жителите на населеното место Долно Количани.

Во 14.10 ќе го посети и ќе оствари средба со жителите на населеното место Батинци.

во 14:50  ќе оствари го посети и ќе оствари средба со жителите на населеното место Цветово.

Изминатиов период премиерот посети голем број на градови и села, каде ги ислуша жителите кои говореа за проблемите со кои се соочуваат, а решенија за дел од нив беа пронајдени ведна.