Loading Video...
Свет
25. July 2021 - 16:35
Пожар беснее во северниот дел на Сардинија
Голем шумски пожар беснее во северниот дел на италијанскиот остров Сардинија.
Огнената стихија веќе уништи хектари шума и вегетација и опасно се приближува до населените места велат пожарникарите. Илјадници луѓе, локални жители и туристи веќе се евакуирани.
Деновиве на Сардинија температурите се многу високи, над 35 степени, но сè уште не е јасно дали пожарот е последица на високи температури, небрежност или е подметнат.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
-->
-->