Македонија
15. October 2023 - 17:00

Пожар кај село Кондово

Кај село Кондово во Општина Сарај денеска во 14:17 часот е пријавен пожар со кој се зафатени сува трева, грмушки и нискостеблеста шумска вегетација, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Според информациите на ЦУК, Бригадата за противпожарна заштита БППЗ на Град Скопје е на терен со две возила и пет пожарникари.

- Овој  пожар на отворено е еден од повеќето во земјава денеска, врз коишто дејствуваат пожарникарските тимови од повеќе институции од Системот за управување со кризи, што е близу до патна мрежа и може да се забележи полесно, велат од ЦУК.