Македонија
27. March 2024 - 20:33

Пожар на дел од куќа во Кавадарци

Пожар зафатил  дел од куќа во градот Кавадарци, од Територијалната противпожарна единица потврдија за МИА дека веднаш по дојавата за пожар, нивна екипа заминала и интервенира на лице место.

Оттаму нагласија дека засега не можат да дадат повеќе детали за пожарот, бидејќи акцијата за гаснење се уште била во тек.