Македонија
5. July 2022 - 15:35

Пожар на нива и дел на лозје во велешката населба Речани, повредени нема

Во СВР Велес вчера околу 17.40 часот било пријавено дека во населба Речани во Велес настанал пожар во нива, дел засадена со лозје, а дел со сува трева, чија сопственост не била утврдена. Од екипа на Територијалната противпожарна единица пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема,информираат од СВР Велес.

Од ТППЕ Велес за МИА информираат дека на местото каде избувнал пожарот имало две возила и шест пожарникари, а по пријавата тие го гаселе, бидејќи имало опасност поради ветрот, да се пренесе на останатите ниви, објекти и еден хотел.

– За целосно и побрзо гасење на пожарот придонел и дождот кој вчера попладне заврна, потенцираат од ТППЕ Велес.

Со пожарот била зафатена нива и напуштено лозје од 300 метри квадратни.