Македонија
25. February 2020 - 16:31

Пожар во Ново Лисиче, нема сериозно повредени

Густ чад и непријатен мирис утринава ги вознемири жтелите на Ново Лисиче. Пожар избувна во стан на вториот,а се проширил и на третиот кат во зграда во близина на основното училиште Лазо Ангеловски. Две лица кои живееле во станот, се во болница, но не се во животна опасност.

Засега не се познати причините од што настанала огнената стихија. Но лицето Зекир Антонио, кој живеел во станот кој  се запалил,  се сомнева дека пожарот бил предизвикан од невнимание од  запалена цигара од татко му.

Антонио вели  дека ноќта, но и наредните денови ќе ги помине кај блиским роднини. Се надева дека државата нема да остане глува за неговото семејство.

На нашата екипа не и беше дозволено да влезе ниту во влезот,ниоту во станот. Првиот човек на противпожарната бригада вели дека опожарена е само една соба. Соседните станови не се оштетени.

МВР во сдоработка со обвинителството работи на расчистување на случајот.