Македонија
6. March 2025 - 14:43

Пожар во стан во Центар

Пожар избувнал денеска во стан во зграда на 5-ти кат, во самиот центар на градот Скопје. Во гаснењето интервенирала единица на Противпожарната бригада. Повредени нема.

Станува збор за пожар во станбена зграда на 5-ти кат, на бул. „Кочо Рацин“, веднаш до Домот на синдикатите. Пожарот настанал од електричен уред, односно кујнски апспиратор. Интевенирано е со две возила и седум пожарникари. Повредени нема, само материјалаи штета, изјави командирот  на Против – пожарната бригада на Град Скопје Ѕвонко Томевски.