Македонија
24. August 2024 - 16:28

Пожарите кои беснееја го загадија воздухот

Пожарите кои беснееја го загадија воздухот во охридскиот регион.Неповратно изгоре огромна површина  дрвна маса а според екологистите деградиран е животинскиот и  растителниот свет .Шумските пожари шират многу опасни материи штетни по здравјето на луѓето така што ваквата  состојба ќе предизвика економски,еколошки и здравствени последици.

 Пожарите  во Охридско според еколозите се голема природна катастрофа кои ќе имаат далекусежни штетни последици .

Охридското езеро сaмо по себе нема некоe влијание брз прочистувањетo на воздухот  туку тоа се ветровите кои дуваат и евентуално можат чадот да го пренасочат  во друг   правец.

Според добрите познавачи штетите од пожарите допрва ќе се утврдуваат ,а за да се  обнови она што е пеплосано и уништено потребeн е долг временски период.