Македонија
2. August 2024 - 16:35

Пожарникарите се борат со огнот над Косел

Гори планината помеѓу Косел и Опеница

Пожар избувна денеска во планинскиот предел во реонот помеѓу селата Косел и Опеница .За гаснењето на огнот се ангажирани  две  возила на Противпожарната единица, со 8 пожарникари  а вклучени се и екипи од шумското претпријатие.

Мештаните кои живеат во околината и оние кои движејќи се по патот од Битола на кај Охрид велат дека забележале густ чад како се издига од блиската планина кон небото и  дека станува збор за борова шума и тешко пристапен планински терен .

Граѓаните од овој реон за Сител посочуваат дека  ситуацијата со пожарот не е сјајна ни на Плаќенска планина  веќе неколку дена и тој предел  гори.

Активностите за справување со пожарот се одвиваат во сложени околности поради непристапноста на теренот и топлото време и ветерот.