Пожарникарите во Шпанија се борат со над 130 шумски пожари
Пожарникарите во Шпанија се борат со повеќе од 130 шумски пожари за кои властите се сомневаат дека се подметнати, а нетипично високите температури за овој период од годината и силниот ветар дополнително ја влошуваат ситуацијата.
- Речиси 400 пожарникари се обидуваат да изгаснат 82 шумски пожари во ретко населената Кантабрија, соопштија регионалните власти.
Во тоа подрачје во текот на изминатата недела изгореле најмалку 2.000 хектари со „исклучителна еколошка вредност“, воглавно во два природни паркови.
- Ова го загрозува сегашниот и идниот пејзаж на Кантабрија, изјави претседателот на регионалната влада Мигуел Анхел Ревиља откако посети едно од опожарените места.
Ревиља истакна дека 99 отсто од пожарите се намерно предизвикани.
- Има пиромани, луѓе со лоши намери кои ги користат временските услови какви до сега не се видени во Кантабрија, да подметнат пожари. Кантабрија од септември имаше малку дожд, а температурата во просек беше 23 степени Целзиусови. Силен ветер со јачина и до 110 километри на час додатно го засилува оганот и оневозможува употреба на авиони за гасење на пожарот, нагласи Ревиља.
Националната метеролошка станица предвидува дека ветерот ќе остане силен, а температурата над просекот и во наредните денови.
Шпанската армија испрати 287 војници и 28 танкери со вода во најтешко погодените подрачја во близина на планинското село Барсена Мајор, соопшти Министерството за одбрана со објава на Твитер.
Во шпанската покраина Астурија во моментот горат 38 пожари, од кои 31 се ставени под контрола. Во шумските пожари во Астурија минатата недела загина едно лице откако се урна хеликоптер за гаснење на огнот.
Во Навара на границата со Франција избија два пожари.
Ново на Сител
-
Крај на големото тениско ривалство: Ѓоковиќ го победи Надал во Ријад
-
Минчев: Министерството за јавна администрација в понеделник со конкрени насоки за сите огласи, конкурси, унапредувања по укинувањето на „Балансерот“
-
На аеродромот во Тирана регистрирана рекордна бројка патници, до година во функција и аеродромот во Валона
-
Гвардиола подготвен да помогне да се најде нов менаџер на Манчестер Сити
-
Прекин на дуелот меѓу Работнички и МЗТ
-
44-годишник претепал полицаец кој му напишал казна на неговиот син
-
Почина четиримесечно бебе во Гостивар
-
Ердоган и Шолц разговараа за зајакнување на одбранбената соработка