Loading Video...
Фудбал
20. January 2023 - 18:52

Познати четвртфиналните двојки во Купот на Италија

Екипата на Јувентус е последниот патник во четвртфиналето на Купот на Италија.
 
Во последниот осминафинален натпревар Јувентус славеше победа со 2-1 нај Монца, со головите на Кин (8-минута) и Киеза (78), додека стрелец на голот за гостите беше Валоти (24).
 
Така „старата дама“ се избори за место во четвртфиналето во кое за противник ќе ги има тимот на Лацио.
 
Останатите парови за четвртфиналето се: Рома – Кремонезе, Фиорентина – Торини и Интер – Аталанта.
 
Четвртфиналните натпревари во Купот на Италија се планирани за 1 и 2 февруари.