Македонија
25. November 2022 - 16:42

Познати доктори злоупотребени - продаваат чаеви, креми и апчиња за кои никогаш не слушнале

Фирми кои продаваат лекови преку Фејсбук, злоупотребуваат фотографии на познати македонски доктори. 

Без одобрување, нивниот лекарскиот углед се користи за убедување од позитивните ефекти на производот. На фотографиите се додава текс, а злоупотребата оди и чекор подалеку, па во нивните раце монтираат и производи. 

Жртва на слична измама е и познатиот кардиолог Сашко Кедев. Тој според рекламата советува да се пие производот на компанијата која злоупотребила негова фотографија, бидејќи со него се намалува крвниот притисок, а животот го продолжува до дури 120 години.

И екс министерот за здравство, Никола Тодоров, кој по професија е правник е искористен од фирми кои продаваат чаеви и креми. Уверливоста на компанијата одела дотаму што во неговите раце го монтирала и производот.

Докторот Пановски вели случајот ќе го пријави кај надлежните и ги повика институциите да ги казнат сторителите. 

Од обвинителството пак велат дека се постапува по такви предмети само ако се пријави злоупотреба на неговите лични податоци.

„Секој што смета дека е сторено кривично дело на начин што е искористен неговиот лик или други лични податоци може тоа да го пријави во надлежното Јавно обвинителство, кое ќе постапи согласно законските надлежности и ќе го испита настанот“.