Loading Video...
Фудбал
17. November 2021 - 9:22

Познати можните противници на Македонија во плејофот за СП

Португалија, Шкотска, Италија, Русија, Шведска и Велс, се можните противници на Македонија во полуфиналната рунда од плејофот или популарниот бараж, преку кој црвено-жолтите ќе бркаат историско прво учество на Мундијалот во Катар. 
 
Овие шест селекции беа второ пласирани во своите квалификациски групи како и нашата, но како подобро рангирани, се сместени во групата на носители, додека Македонија заедно со Турција, Полска и Украина, кои исто така завршија на второто место, заедно со Австрија и Чешка кои преку Лигата на нации обезбедија можност за разигрување, се сместени во групата на неносители. 
 
Ждрепката ќе се одржи на 26 ноември, а дванаесет селекции ќе бидат поделени во три групи по четири, во кои ќе се играат две полуфиналиња и тоа на теренот на носителите. 
 
Полуфиналните дуели на програмата се на 24 и 25 март, додека финалињата се на 28 и 29 март следната година.