Loading Video...
Фудбал
30. November 2022 - 18:56

Познати првите два пара за осминафиналето на СП

Откако синоќа се одиграа натпреварите од последното коло во групата Б во кои Англија со 3:0 го победи Велс, а Американците со 1:0 славеа над Иран, комплетирани се првите два пара за осминафиналната рунда. 
 
Селекцијта на Холандија како првопласирана од А групата и САД кој го освои 2.место во Б конкуренцијата ќе го одиграат првиот осминафинален меч и тоа во сабота на 3 декември во попладневниот термин од 16 часот.
 
Англичаните кои завршија први во А групата за противник во осминафиналето ќе ја имаат селекцијата на Сенегал која беше втора во Б групата. Нивниот осминафинален дуел ќе се игра на 4 декември во недела од 20 часот. 
 
Извесно е дека Франција која заврши како прва во Д групата, и го чека второ пласираниот од Ц групата, ќе настапи во недела од 16 часот. 
 
Вечерва на програмата се дуелите од Ц групата во која сите три селекции имаат шанси за пласман во осминафиналето. 
 
Условно речено во најповолна ситуација е Полска која има бод повеќе од Аргентина и Саудиска Арабија, додека Мексико заостанува дури три бодови зад Полјаците. 
 
Во зависност од исходите на вечерашните средби во кои Аргентина игра со Полска, а Мексико со Саудиска Арабија, ќе го дознаеме и противникот на Австралија  за саботниот втор меч ос осминафиналната рунда.