Пратениците се гаѓаа со свински црева во собранието на Тајван
Пратениците на тајванскиот парламент се степаа на седницата и едни на други фрлаа свински црева поради новоусвоената политика што ќе овозможи увоз на свинско и говедско месо од САД.
Премиерот Су Ценг-Чанг требаше да им даде политички извештај на пратениците кога пратениците од Националистичката партија, позната како КМТ, го блокираа неговиот обид за говор со фрлање свински остатоци.
Пратениците од владејачката Демократска напредна партија се обидоа да ги спречат, што резултираше со хаос и размена на удари, наведува АП.
Администрацијата на претседателот Цаи Инг-вен ја укина долгогодишната забрана за свинско и говедско месо од САД во август, што е еден од првите чекори за можен билатерален трговски договор со САД. Таа забрана треба официјално да биде укината во јануари.
Сепак, на одлуката се спротивставија КМТ и индивидуални граѓани. Новата политика дозволува увоз на свинско месо со прифатливи остатоци од рактопамин, соединение што некои земјоделци го додаваат во добиточната храна и го подобрува растот на посното месо.
Ново на Сител
-
Кумановка измамена за 6.000 денари за набавка на огревни дрва
-
Во центарот на Куманово откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг