Пратениците трет ден расправаа за Предлог-буџетот за 2022 година, продолжуваат утре на пладне
Власта и опозицијата и на третиот ден од пленарната расправа за дополнетиот Предлог-буџет за 2022 година со спротивставени погледи за највисокиот финансиски документ во државата.
За власта Предлог-буџетот е развоен, а силната развојна компонента се темели на фактот што првпат капиталните инвестиции се поголеми од буџетскиот дефицит, додека опозицијата смета дека е мегаломански, неодржлив и не развоен.
– Во Предлог-буџетот се предвидени 38,2 милијарди денари за капитални инвестиции и првпат во овој буџет се предвидува да бидат повисоки од планираниот буџетски дефицит. Тоа е силна развојна компонента, рече Фиснике Бектеши Шаќири од ДУИ.
Атнан Незири од Алијанса за Албанците посочи дека капиталните и инвестиции се можност која најмалку се користи во државата и, како што рече, со секој ребаланс има најголемо кратење на средствата токму кај капиталните инвестиции. Според него, средствата што ќе се одвојат за актуелната енергетска криза ќе ги намалат средствата предвидени за капитални инвестиции за следната година.

Во реплика министерот за финансии Фатмир Бесими му порача дека со Буџетот за 2022 година се воведуваат влезни и излезни индикатори за мерење на успешноста на проектите за пет годишен период.
– Овие индикатори, како и КАПЕФ механизмот, што веќе дава резултати ќе овозможат подобра реализација на капиталните инвестиции што за наредната година се планирани на историски највисоко ниво од 38,2 милијарди денари. Притоа во делот на капитални инвестиции се обезбедуваат средства за изградба на патната инфраструктура на Коридорот 8, за чија реализација покрај буџетски средства се обезбедуваат и средства од ЕБОР за што во Собранието во моментов во процедура е законот за нивна реализација. Во делот пак на зелената транзиција, од големо значење е и проектот на ЕСМ за транзиција кон соларни фотоволтаици, за што се обезбедуваат средства од ЕБОР, за што исто така законот е во собраниска процедура, рече Бесими.
Нагласи дека со буџетот за 2022 година се оди со поголема одговорност и отчетност на буџетскиот процес. Во моментов, како што кажа, во собраниска процедура е Законот за Буџети, со којшто се воведуваат фискални правила и фискален совет.
Опозицијата имаше забелешки и за делот на буџетот за зелен развој за кој посочија дека се предвидени 30 милиони евра за 2022 година, но нема програма како ќе се трошат тие средства. За годинава, како што посочија за оваа намена биле предвидени 685 милиони денари, но со одлука на Владата сите средства биле прераспределени и фактички за зелен развој во 2021 година не се потрошил ниту денар.
Расправата ќе продолжи утре во 12 часот. Расправата за буџетот на пленарна седница трае пет дена.
Ново на Сител
-

Охриѓанец му се заканувал со пиштол на сосед за паркинг место
-

Двајца малолетници тешко повредени откако се превртеле со четирицикл
-

Мицкоски: Илинден е трајна обврска да ја чуваме, развиваме и сакаме нашата татковина
-

Ангелов: Дваесетина помали пожари на отворен простор, најголем дел изгаснати
-

Двајца загинати и двајца спасени во судирот на хеликоптерите кои го гаснеа големиот пожар во Грција
-

Најтопло во Скопје, Велес и Демир Капија со 39 степени
-

Зголемена фреквенција на граничните премини Табановце и Богородица, сообраќајот се одвива непречено
-

Милошоски: Демографијата е нашата нова борба за Македонија
