Празнична литургија за Мала Богородица во Вељуса
Со празнични литургии Македонската православна Црква го одбележува големиот христијански празник, денот на раѓањето на мајката Божја. Празникот кој меѓу народот е познат и како Мала Богородица на посебен начин се одбележува во манастирот посветен на Воведението на Пресвета Богородица Елеуса во Вељуса. Во овој манастир кој е еден од најстарите во Македонија одбележувањето започнува ноќта пред празникот со целовечерно бдение, службата која целосно посветена на Пресвета Богородица а завршува со утринска литургија.
Со маски и почитување на протоколите и годинава голем број верници го посетија манастирот, запалија свеќи и се помолија за здравје за своите семејства. Поради пандемијата и со цел запазување на протоколите, годинава исто како и лани манастирот одлучи да ја нема традиционалната трпеза што се подготвуваше за присутните верниците.
-
Зоран Ѓеоргиев
Сите содржини од овој новинар