Пред точно 30 години почина најголемиот Југословен на сите времиња, а не е Тито
На денешен ден во 1985 година во фабриката „Застава“ од Крагујевац и официјално се означи крајот на производството на автомобилот „фиат 750“, односно во народот попознат како „фиќо“.
Славното „фиќо“ е автомобил кој најдолго се произведуваше во некогашната Југославија. Од фабричката лента во Крагујевац излегле точно 923 487 примероци на овој автомобил, кој се произведуваше 30 години (1955-1985).
Статистиката вели дека во седумдесеттите години на минатиот век на југословенските улици „фиќо“ било најбројниот автомобил.
„Фиќо“ се до 1975 година беше главно возило на Сообраќајната полиција, а го користеле и другите служби на тогашното МВР. Се до крајот на седумдесеттите само со „фиќо“ се полагал возачкиот испит.
„Фиат 750“ не беше хит автомобил само во Југославија туку и во целиот свет. Официјалната статистика на италијанскиот произведувач вели декана планетата се возени речиси пет милиони „фиќовци“ (4 921 626).
„Фиќо“ го осмислил и конструирал италијанскиот инженер Данте Џакоза. Првиот модел „фиат600“ и „фиат 700“ требало да го заменат тогашниот „тополино“(фиат 500), а набрзо на пазарот е исфрлен „фиат 750“ кој беше и најпопуларен.
Се проценува дека во светот денес се возат околу 150 000 „фиќовци“.
Ново на Сител
-

Песков: Москва и понатаму очекува разговори со Зеленски
-

Пентагон потпиша седумгодишни договори со производители на оружје
-

ПМФЛ: По бод за Тиквеш и Вардар
-

Руското разузнавање ја обвини ЕУ дека се подготвува за мешање во септемвриските избори во Русија
-

До 18:30 регистрирани 17 пожари на отворен простор, седум активни и три под контрола
-

Меси стави крај на репрезентативната кариера
-

Трамп: Иран е пропадната држава која си ги убива своите граѓани
-

Од утре почнува да сообраќа „Градскиот воз“ на релацијата Зелениково-Скопје



