Македонија
27. November 2021 - 19:47

Предадени материјалите од истрагата од македонските на бугарските обвинители

Сослушан е сопственикот на БЕСА Транс и уште 7 други лица кои биле дел од патувањето. Тие се достапни за органите тврди државниот обвинител. Сите материјални докази како и записници од направениот распит се предадени на бугарските обвинители кои лично дојдоа по нив. Обвинителите не сакаат да се шпекулира со наводите  за шверц, бидејќи за сега пронајдени се само празни туби од гориво кои биле во задниот дел од автобусот.

Паралелно се преземаат дејствија за тоа како функционирала агенцијата по што обвинителство треба да донесе одлука како ќе постапи понатаму во овој дел. Бугарските истражители треба да ги завршат сите анализи па потоа ќе знаат дали лошата сигнализација на патот  можно е  да ја предизвикала оваа трагедија. 

За да се убрза идентификацијата на телата во Софија заминуваат и двајца наши експерти од судска медицина. Очекуваат до крајот на следната недела  телата да бидат предадени на семејствата.