„Предели” - изложба на Љупчо Бојаров во Музејот на Град Скопје
Во Музејот на Град Скопје од 10 август е поставена самостојна изложба „Предели“ на ликовниот уметник Љупчо Бојаров. Посетителите ќе може да ја видат до 21 август кога ќе биде свечено затворена во 20 часот.
На изложбата се преставени избор од 26 слики масло на платно, дела изработени во периодот од 1985 до 2018 година на тема „Предели”.
Изложено е и дело од циклусот „Скалила кон рајот“ составено од 99 мали објекти изработени во бакар, стакла и кварцни камчиња земени од брегот на манастирот Ивирон на Света Гора, местото на кое Богородица првпат стапнала на Атос.
Љупчо Бојаров (Скопје, 1959) завршил училиште за применета уметност во Скопје во 1978 година, дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во 1984 година, од кога е и член на Друштвото на ликовни уметници-ДЛУМ.
Добитник е на 11 домашни и меѓународни награди. Самостојни изложби имал во Македонија, Србија, Шведска и Црна Гора, а се претставил и на 126 групни изложби во Македонија, Србија, Црна Гора, Чешка, Унгарија, Словачка, Шведска, Шпанија, Велика Британија, Франција, САД, Грција, Египет, Италија и Бугарија.
Ново на Сител
-
ДУИ: Брисел да се вклучи во истрагата за пожарот
-
Мјанмар спроведува итна крводарителна акција поради големиот број повредени во земјотресот
-
Ирвинг успешно опериран
-
Лафчиски: Членството во НАТО одраз на посветеноста кон колективната безбедност, демократијата, слободата и стабилноста
-
Мисајловски: Единството во Армијата и во Алијансата да го преточиме во единство меѓу граѓаните
-
Кривична пријава за правно лице од Општина Босилово за даночно затајување
-
Земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтер го погоди Мјанмар
-
МЖСПП: 200 илјади евра казна за БУЛМАК поради истекување технолошка вода