Македонија
4. October 2022 - 8:45

Предлогот за избор на уставни судии на седница на Комисијата за прашања на изборите и именувањата

 Во Собранието на Република Северна Македонија денеска две седници ќе одржи Комисијата за прашања на изборите и именувањата.

На првата 20 -та седница, Комисијата треба да ја утврди Предлог-одлуката за изменување на Одлуката за разрешување и именување на претседател и членови на Одборот за доделување на државната награда „22 Ноември”.

По завршување на оваа седница закажано е продолжението на 13-та седница на која членовите на Комисијата треба да дискутираат по Предлогот за избор на судии на Уставниот суд на Република Северна Македонија.