Предвремени парламентарни избори во Кувајт

Во Кувајт денеска се одржуваат предврени избори за членови на Националното собрание, на кои за 30-те пратенички мандати се борат вкупно 293 кандидати.
Кувајт, која е прва арапска монархија од реонот на Перисикиот Залив што воведе парламентране систем уште во 1962 гоидна, има 4,4 милиони жители од кои околу 70 проценти се странци. Од вкупно 1,23 милиони кувајтски државјани, право на глас на денешните избори имаат околу 483.000 лица.
За обебзедување на гласачките места, кои се неоѓаат на сто локации, во најголемиот број во училипшта, се ангажирани над 11.500 припадници на безбедносните сили.
Покрај кандидатите на власта, места во новото Национално собраните се очекува да освојат и претставници на опозициските Исламско уставно движење, кое е политичко крило на исламистичката организација Муслиманско братство и Исламската алијанса на салафистите.
Предвремените избори во Кувајт се одруваат откако емирот Сабах Четврти Ахмед на 16 октомври го распушти Парламентот избран во 2013 година, поради спорот меѓу пратениците и Владата околу економските мерки на штедење, кои вклучуваа и укинување на субвенциите за горивата, што резултираше со раст на цените на нафтата и бензините.
Ново на Сител
-

Двајца македонски државјани прогласени за непожелни во Албанија
-

Ѓорѓиевски: Парична помош за 456 онколошки пациенти во наредните два дена
-

МЗ: Состојбата во Гостивар континуирано се следи, намален вкупниот број прегледи
-

Водата во Скопје квалитетна и безбедна за пиење
-

Кривична за сопственик и фирма поради сомнение за даночно затајување над 7,2 милиони денари
-

Групна тепачка помеѓу шест лица во Шуто Оризари
-

24-годишен тетовец со тврд предмет ја нападнал својата мајка
-

Ангелов и Јанчев: Пожарот во Кавадаречко се очекува до крајот на денот да биде изгаснат во целост
