-->
-->
Прегазен велосипедист во Кичево, итно пренесен на Ургентен во Скопје
-->
Вчера во 19:20 часот во Кичево на улицата „Борис Кидрич“ во близина на крстосницата со улицата „11-ти Септември“, се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило „Опел Астра“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од А.Р. (23) од Кичево удрил во велосипедист Б. П. (76) од Кичево.
А.Р. со своето возило веднаш го пренел Б.П. во медицинскиот центар во Кичево, од каде по укажаната лекарска помош, поради сериозноста на повредите, бил пренесен во Ургентен центар-Скопје.
Увид на лице место извршила екипа од Полициската станица-Кичево.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Сашо Мијалков излегува од затвор
-
Вучиќ пристигна во Њујорк заради гласањето на резолуцијата за Сребреница во ОН
-
Путин назначи нов заменик министер за одбрана
-
Гвардиола: Поблиску сум до заминување, отколку до останување во Сити
-
Утре сончево со умерена облачност, попладне со дожд и грмежи
-
Уапсен е врховниот судија Наке Георгиев поради поткуп
-
Откако не му дале пари, со нож се заканил на својот татко дека ќе го убие
-
Сапунот од кокос - благотворен против комарци