Македонија
18. February 2020 - 10:40

Прегазена жена во Скопје, со тешки повреди префрлена на клиника

Вчера во 13.00 часот било пријавено дека на ул.„Ферид Мурати“ во Скопје патничко возило „бмв 320“, со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Н.(30) од с.Бојане, скопско, удрило во пешакот Р.Б.(63) од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Р.Б., која била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.