Македонија
22. May 2024 - 12:35

Прегласувањето во Охрид тече непречено

Точно во 7 часот навреме беа отворени двете избирачки места во охридско струшкиот регион каде има прегласување за парламентраните избори каде ДИК откри, а Управен потврди неправилности на гласањето  од 8ми мај.

Излезеноста до 11 часот е  136 гласачи од вкупно 711 запишани во избирачкото место 1272.

Во Општина Струга се прегласува на изборачко место 1844, во школото Јосип Броз Тито каде гласаат 753 лица.

Прегласувањето во Охрид и Струга според најавите од ОИК т тече непречено во фер и демократска атмосфера без пријавени нерегуларности.

Инаку вчера во Охрид своето право на глас го искористија две додека во Струга 4 болни или немоќни лица запишани во избирачкиот список.