Loading Video...
Свет
14. October 2024 - 18:27

Преглед на вести од светот

Израел изврши воздушни напади врз позиции на Хамас  во појасот Газа, неколку часа пред да почне  договорениот привремен прекин на огнот во енклавата за вториот  круг вакцинација против детска детска парализа.  Властите во Газа, управувани од Хамас го обвинија Израел  дека погодил училиште што се користело како засолниште и притоа загинале 22 лица, од кои 15 деца.  Мета била и болницата  Ал Акса а според медицнскиот персонал загинале 4 лица.  Тел Авии вели дека болницата била користена како команден центар од борците на Хамас, што групата го негира. Во Либан, Изарел продолжува  да го  напаѓа Хезболах од копно и  воздух. Додека   Либанската милитанста група со  дрон  нападна воена база во северниот дел на Изарел. Загинаа 4 израелски војници а седуммина се во тешка состојба. Дронот  не ги активирал сирените за тревога, најверојанто поради нискиот лет од Либан вели изарелскиот армиски портпарол Хагари.

Ќе го проучиме и истражиме инцидентот и како беспилотно летало се инфилтрира без предупредувања и удира во базата ќе го истражиме овој инцидент, ќе научиме од него и ќе ја подобриме одрбана. Нашата мисија е подобро да ги заштитиме нашите војници и граѓаните на Израел, порача Даниле Хагари , портпарол на изарелската армија.

49 -годишен маж од Невада, кој кај себе имал огнено оружје и неколку фалсификувани пасоши  бил уапсен во близина на митинг на Доналд Трамп во сабоата во калифорнискиот град Коачала  откако бил запрен од  локалните  полициски служебници  кои го обезбедувале собирот.  Тој бил привиден без инциденти. Бил обивнет за нелегално поседување огнено оруќје и   ослободен истиот ден со кауција од 5000 долари а за ФОКС ЊУЗ  изјави дека е поддржувач на Трамп кој  не планира да му наштети на републиканскиот претседателски кандидат и дека секоѓаш патувал со оружје но никогаш не пукал. Полицијата во Коачела соопшти дека спречила обид за атената врз Трамп.  Според Американската тајна служба Трамп „не бил во никаква опасност  , и нема индуции за обид за атенат поврзан со овој инцидент.

Бројот на загинати во поплавите и свлечиштата во Босна и Херцеговина се искачи на 25. Четвоирца загаинти во Коњик. Тројца во Фојница а најмногу  - 18 во Јабланица. Се трага по  уште две исчезанти лица.  Обилните врнежи ја погодија Босна и Херцеговина на 4 октомври, предизвикувајќи  катстрофални поплави и свлечишта.