Loading Video...
Свет
28. March 2024 - 16:46

Преглед на вестите од светот

Бугарија оди на уште едни предвремени парламентарни избори, шести од април 2021 година, откако не успеа и последениот од трите обиди за формирање нова влада. Партијата Има таков народ утрово го доби  мандатот од шефот на државата Румен Радев и веднаш го врати. Радев најави дека од денеска почнува средби со сите потенцијални кандидати за вршител на должниоста премиер кој ќе ја води Бугарија до новите избори.  По изборите мината година, Герб на Бојко Борисов и коалцијата Продолжуваме со промените  – Демократска Бугарија се договрија за 18 месечна влада со ротација на премирите – прво Николај Денков од Продолжуваме со промените а по девет  месеци МАрија Габриел од Герб. Денков се повлече на 5 март за да може Герб да ја води владата во следните девет месеци, согласно договорот.Но Герб и Продолжуваме со промените  не можеа да се договорат за кадровски  прашања за да можат да ја пролжат својата коалција на чело со Габриел. Вчера и Денков ја отфли поканата на Радев да се обиде да состави влада. 

Товарниот брод што удри во  мостот Френсис Скот Ки во американскиот град Балтимор превезувал најмалку 56 контејнери со опасни материјали. Некои од контејнерите се пробиени а дел од материјалот се излеал   во реката ПАтапско. Се утврдува  степенот на загаденост на водата.

- Доведовме еден од виоките истражители на НТСБ за да почне да го разгедува товарот и карго манифестот.  Тој успеал да идентификува 56 контејнери со опасни материјали. Тоа се 764 тони опасни материјали, претежно корозивни, запаливи и некои разни опасни материјали, опадни материјали од класа девете, кои вклучуваат литиум – јонски батерии, соопшти претседателката на Нациналниот одбор за безбедност на транспротот на САД. 

Бродот Дали пред два дена  удри во столб од мостот предизвкувајќи негов колапс. Две минути пред ударот,  екипажот  упатил итен повик во кој се жалеле за прекин на струја во бродот. 

Ако ЗАпадот испорача Ф16 на Украина, тогаше тие ке бидат соборени од руските сили порача шефот на Кремљ  на настан со пилотите на Руските воздухопловни сили. Неколку земји-членки на НАТО ветија дека ќе ги донираат своите авиони Ф-16 на Киев и обучија украински пилоти да управуваат со нив, а шефот на уркаинската диплоамтија најавиј дека ке ги имаат на располагање во наредните месеци..Некои украински медиуми објавија дека  американските ловци   наместо во Украина би моќеле да бидат стационирани во блиските земји на НАТО. 

Ако навистина  испорачуваат Ф-16, а зборуваат за ова и очигледно обучуваат пилоти, мислам дека го разбирате тоа многу добро - тоа нема да ја промени ситуацијата на бојното поле. И ние само Ќе ги уништиме авионите исто како што денес уништуваме тенкови, оклопни возила и друга опрема, вклучително и повеќе  ракетни фрлачи“,„Се разбира, ако тие се користат од аеродроми во трети земји, тие за нас стануваат легитимни цели, каде и да се наоѓаат, порача Путин .

Ф16 може да носи и нуклеарно оружје.