Loading Video...
Свет
28. April 2024 - 16:47

Преглед на вестите од светот

Торнадо го погоди  јужниот кинески град Гуанжу, при што загинаа најмалку пет лица а беа повредени 33. Штети претрпеле најмалку 140 производствени хали и погони соопштија локалните власти, потенцирајки дека ниту една станбена зграда или куќа не се урнала при вчерешното невреме.  Според Сеизмолошкиот институт, торнадото било на ниво 3, што е две нивоа под највиското. Пред само една недела, Гуанжу  беше погоден од пороен дожд, што предизвика големи поплави во кои загинаа четири лица , а повеќе од 100 000 жители беа евакуирани.