Loading Video...
Свет
23. May 2024 - 16:32

Преглед на вестите од светот

Генералното собрание на ОН на денешната седница во Њујорк ќе гласа за предложената резолуцијата со која 11 јули ќе се прогласи  за  Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница и ќе се осуди негирањето на геноцидот и глорификацијата на воените злосторници. Резолуцијата е иницирана  од  Германија и Руанда а ко-спонзори се  34 држави, меѓу кои е и Македонија.

Официјален Белград и властите на Република Српска негираат дека во јули 1995 година во Сребреница бил извршен геноцид врз Бошњаците од страна на силите на Босанките Срби, туку зборуваат за страшно злострорство. Вучик и Додиќ  жестоко се спротивставуваат на усвојувањето на резолуцијата со став дека таа би означила колективна вина за Србите, иако предложената резолуција не содржи таква формулација. Денеска ќе видиме кои ни се пријатели а кои лажни пријатели изјави српскиот претседател од Њујорк пред почетокот на седницата. Повеќе од 50 луѓе беа осудени на околу 700 години затвор за геноцидот во Сребреница, во кој беа убиени најмалку 8000 муслимански мажи и момчиња.

 

Девет лица загинаа а над 50 се повредени откако силни ветрови синоќа предизвикаа уривање на дел од бина за време на предизборен настан во градот Сан Педро Гарза Гарсија во Мексико.  Инцидентот се случил додека централно-левичарскиот претседателски кандидат Хорхе Алварез Мајнез држел говор на бината. Тој не е повреден додека со повреди завршиле неколку членови на неговиот тим..

Она што го доживеавме се случи за само неколку секунди: дојде дожд, ненадеен ветер и, за жал, ја сруши сцената, што резултираше со фатална несреќа, изјави Хорхе Алварез Мајнез

 

Кина почна дводневни воени вежби во близина на брегот на Тајван во кои учествуваат морнарицата, воздухопловните сили и ракетните сили.  Демонстранцијата на сила доаѓа по три дена откако новиот претседател на Тајван, Лаи Чинг те  ја презеде функцијата  и го повика Пекинг да престане   политички и воено да го заплашува Тајван. Кина го гледа Лаи како опасен сепаратист кој ќе донесе војна во регионот. Министерството за одбрана на Тајван го осуди вежбите на Кина како ирационални провокации и дејствија кои ги поткопуваат региоалиот мир и стабилност.