Loading Video...
Свет
21. August 2024 - 12:21

Преглед на вестите од светот

Делегации од сите американски држави и територии повторно го дадоа својот глас за Харис во чисто церемонијално гласање придружено со музика, светлосни ефекти, кратки говори и многу овации во салата за настани. Харис има поддршката од повеќе од 4,500 партиски делегати за да стане демократски претседателски кандидат.

Кампањата на кандидатката на Демократската партија за претстојните претседателски избори во САД, Камала Харис, собра околу половина милијарда долари донации откако стана кандидатка.

Кандидатот на Републиканската партија Donald Tramp, до почетокот на август имаше вкупно околу 327 милиони долари. За време на кампањата за изборите во 2020 година, претседателот на САД, Џо Бајден, собра нешто повеќе од милијарда долари.

 Демонстранти беа уапсени во судирите меѓу полицијата и учесниците на пропалестинскиот марш што се случуваше пред израелскиот конзулат во Чикаго. Некои од демонстрантите го запалија американското знаме на улица. Други носеа палестински знамиња, а многу од демонстрантите беа облечени во црно и носеа маски. Полицијата употреби сила против демонстрантите.

Протестната акција се одржа на околу 3 километри од местото каде се одржува Националната конвенција на демократите

Десетици ранети беа итно пренесени во болницата во Деир ал-Балах во Газа, при израелско бомбардирање на градскиот пазар. При нападот загинаа шест Палестинци, според медицински извори. А Продолжуваат и демонстрациите во Израел. Демонстранти во Ерусалим излегоа на улиците држејќи знаци на кои пишуваше „извини“ како форма на извинување за заложниците и нивните семејства што ги вратиле дома мртви. Тие напоменаа дека владата и Бенџамин Нетанјаху ги убиваат заложниците и дека треба да се постигне договор за враќање на останатите преживеани. Израел ги извади телата на шестмина заложници од Појасот Газа, во вторникот.

Со враќањето на шесте тела останаа 109 заложници за кои се верува дека сè уште се држат во Газа, од кои околу една третина се смета дека се мртви, а судбината на другите е непозната.

Нападот се случил во близина на киоск на неколку метри од детско игралиште. Украинската полиција соопшти дека четири деца на возраст од 11 до 17 години  биле повредени во нападот, Во нападот во селото во истата област е повредена и една 18-годишна девојка.

Украина изврши еден од најголемите напади со беспилотни летала врз Москва, при што руските единици за ПВО уништија најмалку 10 беспилотни летала што летаа кон главниот град, изјави градоначалникот Сергеј Собјанин. Некои од беспилотните летала се уништени над градот Подолск, прецизира тој. Градот се наоѓа на околу 38 километри јужно од Кремљ. Во нападите нема жртви или материјална штета.