Loading Video...
Свет
6. September 2024 - 16:30

Преглед на вестите од светот

ВО ПОЖАР ВО ОСНОВО УЧИЛИШТЕ ВО КЕНИЈА ЗАГИНАА 17 УЧЕНИЦИ

Во пожар во основно училиште во централна Кенија загинаа 17 ученици а 14 се повредени. Причините за пожарот се уште не се познати. Претседателот Вилијам Руто наредни детална истрага. Во Кенија во последниве години беа забележани серија пожари во училиштата, од кои беше откриено дека многу од нив се подметнати пожари.

САКАЛ ДА ГИ ПОШТЕДИ РОДИТЕЛИТЕ ОД НЕПРИЈАТНИ ДЕТАЛИ – СИНОТ НА БАЈДЕН ПРИЗНА ДЕКА ЗАТАЈУВАЛ ДАНОК

Хантер Бајден, синот на претседателот на САД, Џо Бајден призна вина во случајот за затајување данок  и  на тој начин избегна судење.  Се изјасни за виновен вчера, на денот кога стартуваше    процесот  во федералниот суд во Лос Анџелес. 54 годишниот Хантер се терети  дека намерно не платил данок на доход од  1,4 милиони долари  данок од 2016 до 2019 година  додека трошел на дрога, сексуални услуги и луксузни предмети.  ХАнтер Бајден се изјасни за виновен за да го поштеди своето семејствто од судење кое ќе открие засрамувачки  детали од периодот од неговиот живот кога бил зависник од дрога рече неговиот адвокат.. Најголемата затворска казна за тоа кривично дело е 17 години , паричната е до 450 000 долари. Изрекувањето на пресудата е на 16 декември.

ЗАПАДОТ ПОДГОТВУВА  НОВА ВОЕНА ПОМОШ ЗА УКРАИНА, ПУТИН: НИШТО НЕМА ДА ЈА ЗАПРЕ НАШАТА ОФАНИЗА

Воените потреби на Украина – тема на состонокот  на контакт групата за одбрана на Украина  во американската воздухопловна база Рамштајн во Германија.  Зеленски побара дополнители испораки на оружје  , но и продолжи да инсистира  кај сојузниците  да ги игнорираат „црвените линии“ на Москва и да му дозволат на Киев да користи оружје со долг дострел за напади на руска територија

-Сметаме дека не е во ред што има такви чекори. Треба да ја имаме оваа способност со долг дострел не само на окупираната територија на Украина, туку и на руската територија, , за Русија да биде мотивирана да бара мир истакна Володимир Зеленски, претседател на Украина

 Американскиот секретер за одбрана истакна дека групата подготува нова воена помош за Киев.

-Оваа коалиција од околу 50 нации на добра волја стои обединета и цврста, а денес ќе се заложиме уште посилно да ја засилиме нашата поддршка за Украина. Се состануваме во динамичен момент. Украина продолжува да ја презема иницијативата на бојното поле, а украинските трупи сега спроведуваат операција во рускиот регион Курск вели Лојд Остин, секретар за одбрана на САД.

Рускиот претседател пак од источниот екононски форум во Владивосток   порача дека ништо нема да ја запре руската офанзива во Донбас и дека сега освојуваат територија полесно од кога било.

СУПЕРТАЈФУНОТ ЈАГИ ЈА ПОГОДИ КИНА, ЕВАКУИРАНИ 420 000 ЛУЃЕ

Супертајфунот Јаги го погоди  јужниот кинески остров Хаинан, носејќи со себе обилни дождови  и ветрови со брзина од 230 километри на час.  420 000 луѓе се евакуирани. Властите стравуваат од  огромни поплави. Хаинан е популарна туристичка дестинација позната по песочните плажи и луксузните хотели.