Преглед на вестите од светот
Најмалку три лица загинаа, а 17 се повредени во шумските пожари што беснеат во централниот и северениот дел на Португалија. Силните ветрови и високите температури им ја отежнуваат работата на пожарникарите. Пламените јазици проголтаа куќи. Неколку населени места се евакуирани. По барање од Лисабон, Шпанија, Франција, Италија и Грција испратија по два авиона за гаснење на пожарите.
Централна и Источна Европа пак се бори со незапамтени поплави кои однесоа најмалку 18 човечки животи. Поради циклонот Борис, илјадници лица останаа без своите домови во Чешка, Полска, Австрија, Словачка и Романија. Поплавени се патишта, унишетни се мостови и во некои делови се уште нема електрична енергија и вода за пиење.
Осомничениот за обид на атентат врз Доналд Трамп, 58 годишниот Рајан Весли Рут се криел во грмушките на голф клубот на Трамп околу 12 часа, пред агнетите на Тајнаат служба да го забелатажат. Од ФБИ објаснија дека Голф мечот не стоел во официјалниот календар на Трамп и затоа местото не било детално претресено претходно. Од ФБИ додаваат дека Рут не испукал ниту еден истрел и дека се обидуваат да го утврдат мотивот и дали некој друг можеби бил вмешан.
Против Рут досега се поднесени обвиненија за недозволено поседување оружје. Според Трамп, реториката на американскиот претедателот Бајден и потпретседателката и кандидатот на демократите за престојните претседателски избори Харис ги тера луѓето да пукаат во него. Куршумите летаат и само ќе се влоши како се приближуваат изборите, напиша екс американскиот претседател и републикански кандидат за претседател на својата социјална мрежа Вистина.
Фридрих Мерц ќе биде канддиат за канцелар на Германија на опозициски партии Христијанско демократската унија и на Христијанско Социјалната унија. Мерц е претседател на Христијанско демократската унија и ќе биде главен конкурент на актуелниот социјадемократски канцелар Олаф Шолц на изборите за Бундестагот наредната година во септември.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар