Преглед на вестите од светот
Илјадници провладини и антивладини демонстранти се собраа пред зградата на српскиот парламент синоќа со што продолжија демонстрациите по смртоносниот уривање на настрешница на железничката станица во Нови Сад.
Антивладините демонстранти се собраа во поддршка на Дијана Хрка, чиј син беше меѓу 16-те лица. Демонстрантите држеа транспаренти и извикуваа слогани критички кон српскиот претседател Александар Вучиќ. Хрка, започна штрајк со глад во неделата и побара одговорност и нови избори. Инаку, без инциденти поминуваа собирите на двете спротивставени групи.
Генералштабот на вооружените сили на Украина објави дека украинските сили не се опколени во регионот Покровск. Одбраната продолжува и се преземаат мерки за блокирање на руските сили кои се обидуваат да се инфилтрираат и концентрираат во градот Покровск.
Руското Министерство за одбрана, истовремено, објави дека ситуацијата на украинските трупи опколени во Купјанск, Харковскиот регион и Покровск е „критична“ и дека војниците треба да се предадат, бидејќи во спротивно, како што е наведено, „тие немаат шанси за преживување“.
Руската страна ги повика украинските трупи да се предадат и објави дека е подготвена да обезбеди коридори за влегување и излегување на групите, вклучително и прекин на непријателствата од пет до шест часа за странски и украински новинари кои сакаат да ги посетат областите. Руската војска тврди дека сега контролира повеќе од 19 проценти од територијата на Украина, или околу 116.000 квадратни километри.
Уште три тела и уште две повредени лица беа испратени во болниците во Газа во последните 24 часа, со што бројот на жртви достигна 241, а бројот на повредени на 609 откако договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас стапи на сила на 10 октомври, објавија здравствените власти во Појасот Газа во среда. Оттогаш, вкупно 513 тела се извлечени од урнатините.
Расте и бројот на вратени тела од Израел и достигна 285, а медицинските тимови досега идентификувале 84. Размена преку Црвениот крст има и во спротивна насона.
Тело на починат заложник беше префрлено во Израел во средата доцна вечерта и пристигна во Националниот институт за форензика за идентификација. Доколку се докаже дека припаѓаат на заложник, во Газа ќе останат шест преостанати починати израелски заложници.
-

Марјан Ников
Сите содржини од овој новинар
