Македонија
2. September 2017 - 10:43

Премиерот Заев во работна посета во Велес

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денеска ќе престојува во работна посета на градот Велес.

Посетата на премиерот Заев на Велес е со цел непосредно да ги запознае граѓаните на градот и претставниците на младинските организации за владините мерки, како што се новиот износ на мининалната плата, евтината тарифа на струјата, поддршката за годишен одмор на работниците со пониски примања, како и некои мерки кои се однесуваат на младинските политики какви што се младинската гаранција и поддршката за младите земјоделци.