Македонија
14. јуни 2024 - 14:23

Претрес во Охрид, пронајдена дрога

Полициски службеници од СВР Охрид синоќа, во 19.10 часот, го лишиле од слобода С.Г.(46) од Охрид.

Како што информира МВР, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и грендер со остатоци од марихуана.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.