Македонија
15. August 2024 - 12:09

Претрес во Охрид, пронајдена дрога, приведени двајца дилери

На 14.08.2024 околу 20.00 часот на улицата „15 Корпус“ во Охрид, по преземени мерки и активности, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид ги лишија од слобода Д.С.(33) и Т.Б.(46), двајцата од Охрид. Тие се затекнати на паркинг простор каде одгледувале растение канабис.

 Подоцна, при претрес во нивните домови, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.