Претрес во скопско, пронајдени стебла канабис и експлозивна направа
На 07.07.2021, од полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација и содејство со СВР Скопје - Единица за недозволена трговија со дрога и оружје лишени од слобода се Н.Р.(67) и З.Д.(33) од с.Страчинци, скопско.
При претрес извршен со наредба од судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје во дом и други простории кај двете лица, пронајдени се и одземени саксии со растенија канабис сатива и експлозивна направа од проектил со експлозивно полнење кал.15мм.
Двете лица се приведени и по документирање на случајот, по насока на Јавен обвинител, против З.Д. ќе биде поднесена кривична пријава по чл.215, а против Н.Р. по чл.396 од Кривичниот законик.
Ново на Сител
-

Македонија и Албанија ќе потпишат договор за воспоставување заеднички гранични премини
-

Со „Безбеден град” бројот на загинати во сообраќајот намален за 40 проценти
-

Месечниот број на издадени електронски услуги зголемен за 892 отсто
-

Следува нов топлотен бран, температури до 39 степени, од среда можно освежување
-

Политика: Цените во Србија се пониски од европскиот просек
-

Швајцарските глечери се топат со алармантна брзина поради топлотниот бран
-

Андоновски: Со „Везилка“ уште ова лето ќе се видат првите резултати од заштитата на македонскиот јазик во дигиталниот простор
-

Де ла Фуенте: Оваа Шпанија прима малку голови и знае како да постигне гол
