Претрес во скопско, пронајдено оружје и муниција | ФОТО

На 25.07.2024, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција - Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација со Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стадарди и СВР Скопје - Единица за недозволена трговија беше извршен претрес во дом кај две лица - полициски службеници за кои претходно беше утврдено дека на социјалните мрежи објавуваат фотографии со оружје.

При претресот, извршен со судска наредба, во нивниот дом во село Сингелиќ, скопско, беа пронајдени една автоматска пушка, два пиштоли, 19 куршуми 9 мм, еден рап во кој има четири рамки за автоматска пушка, пет празни рамки за автоматска пушка, 125 куршуми калибар 7.62×39, пет куршуми непознат калибар, еден револвер, една празна рамка и шест празни рамки кои ги поседуваат без дозвола. Исто така, при претресот во домот и при преглед на возилото на еден од нив беше пронајдено и друго оружје и муниција кои ги поседуваат со дозвола.

Подоцна, исто така, со судска наредба, беше извршен и претрес во викенд куќа во село Стрима, општина Липково, каде претходно беше утврдено дека е направена фотографијата и објавена на социјална мрежа, но во неа не беа пронајдени предмети кои потекнуваат од кривично дело.
Со двајцата полициски службеници и нивниот родител, во присуство на адвокат, беа извршени службени разговори, по што беа извршени консултации со јавен обивнителе од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Ново на Сител
-

Товарен брод нападнат во Ормуската Теснина
-

Анкета: Две третини од Американците веруваат дека земјата се движи во погрешна насока
-

Кремљ: Цените на нафтата може да се зголемат уште повеќе ако продолжат украинските напади врз руските објекти
-

Сиљановска Давкова - Хачатурјан: Ново поглавје во меѓусебните односи и можности за конкретна соработка во повеќе сектори меѓу Македонија и Ерменија
-

Израел го продолжи притворот на шпанскиот и бразилскиот активист од флотилата за Газа
-

Папата го одбележа Светскиот ден на слободата на медиумите, изразувајќи жалење за убиствата на новинари
-

Бројот на загинати во пукањето во турско училиште се зголеми на 10
-

26-годишен возач удрил пешак кој се здобил со сериозни телесни повреди
