Претседателот Иванов го честиташе Денот на наставата на турски јазик

По повод Денот на наставата на турски јазик - 21 Декември, претседателот Ѓорге Иванов денеска прими претставници од Здружението на дипломирани македонски студенти во Република Турција, претставници од Сојузот на турски невладини организации - МАТУСИТЕБ, како и претставници од наставниот кадар по турски јазик во Македонија.
Иванов на средбата им го честиташе Денот на наставата на турски јазик и истакна дека Република Македонија во континуитет придонесува за афирмирање на културата и традицијата на турската заедница.
- Можноста за учење и творење на својот мајчин јазик е една од вредностите која придонесува за развојот на културниот плурализам во земјава. Употребата и образувањето на мајчиниот јазик за нашите сограѓани од турската заедница значи негување на културните и верски традиции, но и јакнење на националниот и културен идентитет, посочи Иванов.
Македонскиот претседател истакна дека Република Турција е стабилен поддржувач и пријател на Република Македонија, најнапред со признавањето на независноста, а подоцна и со активната поддршка на нашите стратегиски цели.
- Оваа 2016-та година, не само Македонија, туку и Турција се соочува со сериозни предизвици, и на домашен и на глобален план. И затоа треба меѓусебно да се поддржуваме, бидејќи заедно сме посилни, рече Иванов додавајќи дека турската заедница во Македонија и македонската заедница во Турција имаат многу важна улога во односите меѓу двете пријателски држави.
Од Здружението на дипломирани македонски студенти во Република Турција се заблагодарија за поддршката од претседателот Иванов и за неговиот личен придонес за унапредување на турската култура и пријателските односи меѓу двете земји.
- Како што Македонија никогаш нема да ја заборави поддршката и солидарноста што Република Турција ја покажа кон нас, така и Турција, но и ние кои студиравме во Турција, нема да го забораваме вашиот личен придонес за продлабочувањето на односите помеѓу двете држави и нивните институции, истакна Фуркан Чако, член на управниот одбор на Здружението на дипломирани македонски студенти во Турција.
Во честитката упатена по повод Денот на наставата на турски јазик, претседателот Иванов истакна дека нашите сонародници од турската заедница се пример за лојални граѓани, кои се залагаат за развој на Република Македонија на секое поле.
Денот на наставата на турски јазик во Република Македонија се одбележува од 2007 година, а наредната година ќе се одбележат и педесет години од емитувањето на радио и телевизиска програма на турски јазик.
Ново на Сител
-

Славески: Подготвени сме да одговориме на ризиците и да ја зачуваме финансиската стабилност
-

Мицкоски: Никогаш нема да поддржам повеќејазичност во правосудството
-

Унгарската „Електробус - Икарус" и австриската ЕВН ги исполниле условите за набавка на автобуси и полначи
-

Масар Омерагиќ на Конгрес на FIFA во Ванкувер
-

Спремни за спектакл: Македонските кикбоксери јуришаат на „ВАКО Европскиот куп Вараждин Опен 26“
-

Полицаец од Битола возел со 1,51 промили алкохол во крвта и направил сообраќајка
-

Димитровски: Бугарите ќе станат дел од Уставот во оној момент кога од другата страна ќе видиме подадена рака по неколку основи
-

ЈСП Скопје: Претстојниов продолжен викенд автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред
