Претседателот Иванов на папата Франциск му подари резбан албум со фотографии од христијанската традиција во земјава
Претседателот Ѓорге Иванов за време на денешна средба во „Вила Водно“ на папата Франциск му подари резбан албум со авторски фотографии од христијанското културно-историското наследство на земјава.
- Станува збор за албум со авторски фотографии, избрани лично од претседателот Иванов, а врз основа на концепт на релевентни македонски експерти од областа на духовното и културно-историското наследство на Македонија. Фотографиите се укоричени во резба изработена од охридски копаничар. Албумот содржи 153 фотографии низ кои е претставен дел од милениумската христијанска историја, традиција и уметност во Македонија. Меѓу нив има ранохристијански мозаици и базилики, средновековни цркви, фрески, икони и ракописи, како и резбани иконостаси од македонските манастири, соопшти кабинетот на Иванов.
Ново на Сител
-
Почина таткото на Тоше, Никола Проески
-
Од утре до понеделник јавниот превоз во Скопје по неделен возен ред
-
Изречени 34 санкции за возење под дејство на алкохол на подрачје на СВР Битола
-
Пронајдено лице пријавено за изгубено во Парк - шумата Водно
-
Претрес во Мала Речица, пронајдена дрога
-
ЦУК: Три пожари на отворено, апел за внимателност поради наглите метеоролошки нестабилности
-
Уставниот суд ќе ја одржи 15. седница
-
Арсенал се надева дека Жоргињо ќе го продолжи договорот